Јуниорите совладани и од Унгарија, Македонија ќе се бори за пласман од 13-16 место на ЕП

фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарска јуниорска репрезентација „Под 18“ претрпе нов пораз овојпат од Унгарија со 70:86, па така нашите надежи ќе се борат за пласман од 13 до 16 позиција на Европското првенство дивизија „Б“ во Матошинос, Португалија.

Уште во раната фаза, противниkot се стекна со солидна предност, на истекот на првата четвртина беше 23:14. Имаа Унгарците и уште повисоки 37:24, но враќањето во игра на Шошкиќ, кој набрзина стигна до двоен број на поени, 12, донесе нешто поефикасна игра на нашата селекција. Се доближивме на негатива од седум поени (32:39).

На паузата Унгарија сепак однесе двоцифрен плус, имаше десет поени вишок, (44:34). Второто полувреме не донесе некои посериозни промени, ниту во играта уште помалку во резултатот. Унгарците ја одбранија, дури и зголемија предноста која ја стекнаа во првото полувреме, и стигнаа до триумф кој ги става во позиција да се борат за повисоки позиции на првенството.

Шошкиќ го заврши овој натпревар со 14 реализирани поени, а Иванов дојде до 10. По овој нов пораз на шампионатот во Португалија, извесно е дека ќе се бориме за пласман, од 13-16 позиција на ЕП.

В сабота нè чека дуел против поразената селекција од мечот Португалија-Естонија, кој стартува од 21.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот