Југословенска љубов: Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм

Милена Дравиќ Драган Николиќ, Фото: Instagram

Многумина велат дека таквите љубови никогаш не завршуваат и дека нивната сè уште живее низ сè што правеле и кажале еден за друг

Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм. Тие се запознале на снимањето на „Хороскоп“ во 1969 година, а две години подоцна, во последните денови од декември 1971 година, се венчале за време на снимањето на филмот „Како су се волеле две будале“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljudi bez amova (@ljudibezamova)

„Во Звездарска шума ја снимавме претставата на Душко Радовиќ – „Како су се волеле две будале“. На паузата за ручек со Драган скокнавме до општина Врачар за да се венчаме. На пат кон општината ни се придружи Сека Саблиќ. Таа и Драган беа добри пријатели, се дружеа уште од ФДУ, каде беа во иста класа. Кога официјално станавме брачен пар, отидовме на ручек. Потоа се вративме во опсерваторијата во Звездара и продолживме со снимањето како ништо да не се случило. Интересно е што немаме никакви фотографии од свадбата, никој не нè фотографираше“, изјави во една прилика Милена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zadovoljna.rs (@zadovoljnars)

Нивната љубов траеше цели 45 години, до смртта на Николиќ, која таа не ја преболи до последниот ден.
Драган секогаш зборуваше за Милена на посебен начин и се чинеше дека од ден на ден сè повеќе ја сака.

„Кога ѝ пријдов, имав впечаток дека е девојка од околината која ја познавам цел живот. Токму тоа е нејзината вистинска големина. Ме освои со својата непосредност и нормалност“, изјави покојниот Драган Николиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот