Југослав Јовановиќ кој ја ограби богаташката Тамара Еклстон осуден на 11 години затвор

Италијанските крадци, кои упаднаа во вилата на богатата наследничка Тамара Еклстон, ќерка на поранешниот шеф на Формула 1 Берни Еклстон, и украдоа работи вредни 25 милиони фунти, завршија зад решетки, пишува Би-би-си.

Југослав Јовановиќ, 24-годишник од Милано, Алесандро Малтезе и Алесандро Донати признале дека упаднале во домот на Тамара во Кенсингтон.

Освен Тамара, жртви на кражбата биле и поранешниот фудбалер Френк Лампард и покојниот Вичај Сриваданапраба, сопственик на фудбалскиот клуб Лестер Сити.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frank Lampard (@franklampard)

Полицијата не успеала да го врати накитот и парите од трите споменати грабежи. Украденото, во вкупна вредност од 26 милиони фунти, се претпоставува дека е изнесено во странство.

Грабежите се одвивале во ноември и декември 2019 година. Тамара тогаш била на одмор во Финска со сопругот Џеј Рутланд и ќерката Софија.

Покрај кражбата, Југослав признал дека е виновен за перење пари во периодот од 10 декември 2019 година до 31 јануари 2020 година. Судијата Мартин Едмундс вчера го осудил на 11 години затвор, додека Малтерезе и Донати се осудени на осум години и девет месеци.

Претходно беше објавено дека четвртиот провалник по име Даниел Вуковиќ никогаш не е фатен, а наводно се наоѓа во Белград, додека романските државјани Александру Стан, Сори Марковичи, Мариа Местер и Емил Богдан Савастру во јануари оваа година беа ослободени од обвинението за вмешаност во планирањето на споменатите кражби.

Инаку, Југослав Јовановиќ, 24-годишник од Милано, признал дека учествувал во криумчарење на пари и накит во вкупна вредност од 26 милиони фунти, кои ги украл од домовите на славните личности во Велика Британија.

Југослав Јовановиќ ја призна најголемата кражба во Британија: На Тамара Еклстон ѝ украде 25 милиони фунти

 

Видео на денот