Јовиќ по големата победа: Многу ја сакам Битола и клубот, да бидеме сплотени, само така можеме до успех
Eурофарм Пелистер денес забележа убедлива победа против Татран Прешов од 37:29 со што обезбеди одлична предност пред реваншот за пласман на фајнл-фор турнирот во СЕХА лигата.
Препорачано
По натпреварот тренерот на битолскиот состав, Александар Јовиќ се заблагодари на поддршката, но и испрати молба.
„Бевме агресивни, игравме одлично и тоа ни донесе лесни голови во транзиција. Благодарност до играчите за ангажманот и желбата за победа против квалитетниот противник. Сакам да се заблагодарам и до публиката што дојде во толкав број.
„Исто така сакам да ги замолам и да им кажам дека во овие два месеци потребни ни се сите играчи. Многу ја сакам Битола и клубот, мислам дека оваа сезона имаме голема шанса да ги остватриме сите цели. Би ги замолил сите да се сплотиме во овие два месеци и да бидеме една целина, само така можеме да постигнеме тоа што сакаме. Мојата молба е публиката да даде поддршка, ветувам никој нема да ги изневери“, изјави Јовиќ.
Оваа молба на Јовиќ посебно се однесува на свирежите кои беа испратени кон Хосни откако направи неколку грешки, па од тој момент остана клупата за резерви.


