Јовевски: Обвинителството не ја чекаше оставката на Рашковски за да побара негово приведување

Љубомир Јовевски / Фото: МИА

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски во неговото вечерашно гостување во емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма рече дека обвинителството отворило истрага по допрен глас уште додека Рашковски сѐ уште ја извршувал функцијата.

– После преземените предистражни мерки, јавниот обвинител којшто постапува по предметот нашол дека постојат основи за отворање истрага и ја отвори истрагата и притоа според негова оценка треба се преземат соодветни мерки кон лицето против кое се води истрагата, рече Јовевски.

Според информациите кои ги има, тој вели дека во овој случај обвинителството нема добиено службена белешка од АНБ, како што беше случајот со приведувањето на Орце Камчев. Додава дека обвинителството не добива често такви службени белешки од АНБ. Дали ќе се побара притвор или друга мерка за обебзедување, зависи од доказите што дотогаш обвинителството ги обезбедило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот