Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Јовановски: Јас прв пријавив кај Спасовски дека Камчев ме снимал, Заев ми кажа дека ме следат странски служби

За ова обвинение дознав уште на 3 април 2019 година од тогашниот премиер Зоран Заев, изјави денеска во судот Бојан Јовановски, каде сведочи за предметот Рекет во кој е првообвинет.

Со овој случај, рече Јовановски, се тргувало и Катица Јанева била уценувана или дека ќе поднесе оставка или ќе се случува тоа што ќе се случува.

Јовановски рече дека на 3 април 2019 година Зоран Заев, му кажал дека него и Катица Јанева го следат странски служби и дека не знаел што ќе прави.

– Точно е дека сум бил симпатизер на СДСМ и дел од шарената револуција. На тој ден во мојата канцеларија ми беше соопштено дека странски обвинител има подготвено обвинение. Штета што не беше вештачен мојот телефон, да се види дека јас прв пријавувам кај Оливер Спасовски дека Орце Камчев ме снимал, изјави Јовановски.

Според Јовановски, предметот Рекет е направен врз основа на личниот анимозитет на Рускоска против Јанева, за личен спас на Орце Камчев, врз основа на параполициска структура и нелегално следење, од интерес на подземјето на оваа држава, како и за уривање на телевизијата 1ТВ и Специјалното јавно обвинителство.

„Рекет“ е направен за да се спаси Камчев, тврди Бојан Јовановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот