Јовановски: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Категорично тврдам дека ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел некакви парични средства. Јас видов затворена торба што Зоран Милевски ја зема со леснотија, изјави денеска во судот Бојан Јовановски – Боки 13, каде сведочи за предметот „Рекет” во кој е првообвинет.

– Тврдат дека таму имало милион евра по апоени од 50 што е невозможно и ќе тежеше повеќе, кажа Јовановски.

Најодговорно, рече Јовановски, тврдам дека немам ниту еден допир на таа торба и Обвинителството требаше да ја најде и да ја извештачи.

– Ноторна лага е дека мене ми биле дадени 500 илјади евра за Јордан Камчев да излезе од притвор. Со Камчев не сум разговарал за никакво олеснување, туку сме разговарале само за бисниси. Сме оделе на вечери, сме збореле за се и сешто. Ме провоцирале и прашувале да зборам и да се правам паметен и да зборам и за СЈО. Ме снимале и спакувале, но кажувам тоа биле само мои лични мислења, изјави Јовановски.

Со првата емисија на Инсајдер, наведе Јовановски, почнале неговите проблеми и кампња од Зоран Азманов дека се работи за рекет побаран од него.

– Дека не се работи за рекет го имам документот од суд дека се отфрла пријавата, изјави Јовановски.

За одземената гардероба рече дека најголемиот дел е купена или добиена пред 2018 година.

– Никогаш не сум бил повикан да потпишам што се е одземено од мојот дом, рече Бојан Јовановски во сведочењето пред судот.

Според Јовановски, предметот Рекет е направен врз основа на личниот анимозитет на Рускоска против Јанева, за личен спас на Орце Камчев, врз основа на параполициска структура и нелегално следење, од интерес на подземјето на оваа држава, како и за уривање на телевизијата 1ТВ и Специјалното јавно обвинителство.

„Рекет“ е направен за да се спаси Камчев, тврди Бојан Јовановски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот