Јована Јоксимовиќ е нов главен уредник на новинската агенција „Танјуг“

Фото: rs.n1info.com

Нов главен и одговорен уредник на агенцијата „Танјуг“ е Јована Јоксимовиќ, јавија белградските медиуми. Јоксимовиќ рече дека „Танјуг“ повеќе не е јавно претпријатие и дека сите нејзини услуги се регистрирани во компанијата „Тачно” д.о.о. чиј директор е Мања Грчиќ.

Според договорот со Републичката дирекција за имот, трговската марка „Танјуг“ е дадена на компанијата „Тачно“ на десет години. Правото на сопственост врз недвижен имот и подвижен имот, правото на употреба на работи во јавна сопственост и други права на сопственост и припаѓаат на Републичката дирекција на имот.

Мања Грчиќ изјави дека почнува модернизацијата на „Танјуг“ и дека има големи финансиски инвестиции, како и отворање телевизијата „Танјуг“.

На 9 март, јавната компанија „Новинска агенција Танјуг“ беше избришана од Регистарот на деловни субјекти што го води Агенцијата за деловни регистри.

Основачи на таа компанија се РТВ Панчево со 60 проценти од капиталот со основачки влог од 600 динари и „Минакорд медиа” со 40 проценти од капиталот со 400 динари. Законски застапници на „Минакорд медиум” се Жељко Јоксимовиќ, сопруг на Јована, и Мања Грчиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот