Јован Манев по половина сезона во Хрватска се враќа во Адана

Фото: Jovan Manev/FB

Maкедонскиот репрезентативец, Јован Манев по една полусезона во хрватски Осијек се враќа во Турција во тимот на Адана.

Манев се враќа во Адана затоа што турскиот клуб одлучи да ја активира клазулата од договорот со Осијек и предвреме да го повлече својот фудбалер од позајмицата. Ваквиот потег значи дека Адана сериозно смета на Манев во вториот дел од сезоната.

„Одлуката беше исклучиво на Адана, така беше и договорот со Осијек. Чест ми беше што играв за овој клуб, Адана е мојот клуб за кој сум врзан со повеќегодишен договор и нормално дека прифатив да се вратам. За Осијек дадов се од себе, а жалам што поради повредата на тетивата не забележав повеќе настапи во ХНЛ. Турската лига е силна и се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата“, изјави Манев за клупската страница на Адана.

Манев во септемврискиот циклус дебитираше за сениорската репрезентација на Македонија и тоа во натпреварот против Италија во Скопје. Дресот на репрезентацијата досега го носеше на пет натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот