Јосифовски: Не сум хакер, ниту пак сум упаднал во системот на Централен регистар

Поранешниот пратеник од НСДП, Љубомир Јосифовски негира дека извршил било каков упад во компјутерскиот систем на Централен регистар. Според него, ова можеби е политички реваншизам, иако, како што нагласува, не би сакал да верува дека станува збор за политика или за осветништво од страна на Тито Петковски и луѓето околу него.

– Вчера ми се јавија од полициската станица Беко и ме повикаа на разговор. Ме држеа 9 часа. Ми кажаа дека сум обвинет за компјутерски упад во системот на Централен регистар, иако не ми покажаа ништо конкретно како доказ дека сум направил такво нешто. Јас како сопственик на фирма сум 10 години корисник на податоците од Централен регистар. Десет години сум претплатни според официјалниот ценовник на регистарот и користам јавно достапни информации – вели Јосифовски во изјава за „Слободен печат“.

На прашањето, дали се сомнева дека ова е политички реваншизам, Јосифовски вели дека можно е и такво нешто.

– Јас се надевам дека ова нема врска со политика и со осветништо од страна на Тито Петковски и луѓето околу него – ни изјави Јосифовски.

Директорката на Централен регистар, Марија Бошковска-Јанковски во изјава за „Слободен печат“ потврди дека го пријавиле Јосифовски за хакерски упад во системот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот