Јончевски го објави поширокиот список за настапот во претквалификациите за ЕП

Ненад Димитријевиќ се наоѓа во поширокиот список на селекторот Александар Јончевски/Фото: kfsm.mk

Селекторот на македонската сениорска репрезентација, Александар Јончевски излезе со поширокиот список на кошаркари на чии услуги ќе смета во рамки на првиот прозорец од втората рунда на претквалификации за Евробаскет 2025.

Ждребот посака да нашата репрезентација е сместена во групата „Д“, заедно со репрезентациите на Данска, Словачка и Норвешка.

Првите натпревари од оваа фаза се закажни за крајот на месец август односно 25 август кога ќе и гостуваме на Данска и 28 август кога ќе ја пречекаме А селекцијата на Словачка.

ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ

1. Бобан Стајиќ – Пелистер
2. Кристијан Николов – Торку Коњаспор, Турција
3. Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром
4. Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром
5. Дамјан Робев – МЗТ Скопје Аеродром

6. Адем Мекиќ – МЗТ Скопје Аеродром
7. Андреј Јакимовски – НЦАА Вашингтон Стејт Универзити, САД
8. Марко Миловановиќ – ЈУ.ВИ. Кремона Баскет, Италија
9. Виктор Ефремовски – Гостивар
10. Ненад Димитријевиќ – Валенсија, Шпанија

11. Лука Савиќевиќ – Истерн Мичиген Универзити, САД
12. Андреј Митревски – Феникс 2010
13. Виктор Ташовски – ТФТ Скопје
14. Бојан Крстевски – МЗТ Скопје Аеродром
15. Љубомир Младеновски – Пелистер

16. Теодор Симиќ – Барселона, Шпанија
17. Амар Хот – МЗТ Скопје Аеродром
18. Стојан Ѓуроски – Пелистер
19. Гоце Петрушевски – Честистица Сан Северо, Италија
20. Димитар Пандев – Индијана Унив Пурду Унив Индијанаполис, САД

21. Ваљмир Какруки – Работнички
22. Андреј Маслинко – ТФТ Скопје
23. Филип Бакоч – Навико Академија ФМП
24. Резарт Мемед – Аурора Баскет Јеси, Италија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот