Јога за мозокот: Ја подобрува интелигенцијата, ја поттикнува креативноста

Фото: Профимедиа

Вежбата можете да ја изведувате два до три пати на ден, вели јога мајсторот Чоа Кок Суи и додава дека на крајот не е лошо во себе да си кажете и молитва – на што се сте благодарни во животот.

Оваа метода ја развил Чоа Кок Суи, големиот мајстор и основач на ‘Modern Pranic Healing and Arhatic Yoga’, центарот во Индија. Јогата за мозок детално ја објасни во својата книга ‘Superbrain Yoga’, а ние од неа издвоивме дел како вежбата да ја изведувате правилно.

Јогата за мозок е многу едноставна техника која во целост ги подобрува интелектуалните способности, опушта, ја поттикнува креативноста, духовноста… Се темели на суптилно преобликување на енергијата која позитивно влијае на нашиот ум, и тоа со комбинација од притискање, дишење и движења.

Постапката е следната:

– Завртете се кон истокот доколку сте млади, а кон северот доколку сте лица во повозрасни години.
– Прилепете го јазикот за непцето горе и држете го така.
– Стапалата раширете ги малку, нека бидат во ширина на рамената.
– Стиснете ја десната ушна ресичка со левиот палец и показалецот.
– Стиснете ја левата ушна ресичка со десниот палец и показалецот.
– Левата рака на градите треба да лежи одвнатре, а десната однадвор (врз левата) – тоа е правилната положба.
– Чучнете и истовреме вдишете. Кога ќе станете во исто време издишете и внимавајте да го запазите ова правило за дишење.

Чучнувањето повторувајте го 14 пати во еден циклус, или 21 пат доколку ви е потребна екстра помош околу мозокот. Исто така, кај оние луѓе кои веќе ја применуваат јогата, доволни се 7 повторувања во еден циклус.

Јогата за мозок можете да ја изведувате два до три пати на ден, вели Чоа Кок Суи во својата книга и додава дека на крајот од вежбата, откако ќе ги пуштите ушите не е лошо во себе да изговорите кратка молитва за благодарност или едноставно да помислите на што се во животот сте благодарни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот