„Јога со Моди” – Индискиот премиер објавува видеа од карантин

Индискиот премиер Нарендра Моди објавува видеа со совети за јога за, како што објаснува, на граѓаните да им помогне да останат здрави, пренесе Си-Ен-Ен.

Моди досега објави анимирани видео снимки што ги нарече „Јога со Моди”, откако новинарите го прашаа како вежба додека цела земја е затворен во карантин.

„Се надевам дека и вие редовно практикувате јога “, порача Моди на својот профил на Твитер.

„Јас не сум ниту фитнес стручњак, ниту медицински стручњак. Практично јогата е дел од мојот живот веќе многу години наназад и тоа го сметам за многу корисно. Верувам дека и вие имате свои начини да останете во форма, па затоа ве повикувам да ги споделите со другите”, додаде индискиот премиер.

Неговото неделно обраќање беше прво појавување во јавноста откако во Индија беше воведен целосен карантин

Во Индија досега се заразени 1.251 лице, а има и 32 смртни случаи од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот