Фото: Инстаграм

Јелена Карлеуша откри што им купила на ќерките за роденден: Атина и Ника не се расфрлаат многу како мама! (ФОТО)

Ќерките на Јелена Карлеуша, Атина и Ника вчера славеа роденден и наполнија 12 и 11 години.

– На ист ден слават роденден, така што во блиска иднина ме очекува орда тинејџерки на роденденските прослави. Всушност, тие не се тинејџерки, туку пубертетлики, а пубертетот е шоу-програма, само да го прежиевам нивниот пубертет – вели популарната пејачка.

 

View this post on Instagram

 

BABY

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

Ќерките добија забавни, но скромни подароци. Бидејќи деца на модерната доба и на дигитализацијата, подароците им беа внимателно избрани од страна на мама…

 

View this post on Instagram

 

My girls are officially 11&12! Happy happy birthday ❤️❤️❤️❤️❤️ @atiinatosic @nika.tosic #proudmama

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

– Ника вчера доби подарок од мене. Станува збор за онлајн-подарок, таа не сака нешто што е материјално. Децата ги лажат со некои игрици, и во тие игрици уплаќаш пари. Тоа се некакви мачки што се богатат, односно, не се мачки туку роблокси и ти уплаќаш пари твојот роблокс да биде богат. Ете, ќерка ми доби за подарок нејзиниот роблокс да биде многу богат, значи бадијала фрлени пари – раскажува Јелена за медиумите, додавајќи што ѝ подарила на постарата ќерка.

– А Атина ми побара сталка за мобилниот телефон за да може сама да се снима за ТикТок – открива пејачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот