„Јелена и мајката на Ѓоковиќ не се согласуваат“: Дали драмата во Австралија дополнително ги „разниша“ нивните односи?

Фото: Принтскрин/Инстграм/Јутјуб

Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ и неговата мајка Дијана наводно со години не се согласуваат, пишуваат српските медиуми, дознавајќи дека нивната врска се влошила по драматичната ситуација на тенисерот во Австралија.

За нарушените односи на снаата и свекрвата се пишуваше и претходно. Наводно, работите тргнале наопаку затоа што Јелена не можела да ја преболи изјавата на свекрвата дека не се надевала дека таа и Новак навистина ќе стапат во брак.

„Како млад човек кој се занимава со овој бизнис, немаше време да се забавува. Повеќе беше на пат отколку дома. Запознав една негова девојка која беше одбојкарка од Краљево, тогаш беа деца. Подоцна ја запознавме Јелена. Кога имаа 18 години, не мислев дека ќе се венчаат. Имаше време за сѐ, но, тој ете, не ме послуша и се ожени со Јелена“, отворено изјави мајката на српскиот ас во една прилика за српски „Стори“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sportske.net (@sportskenet)

Тогаш Дијана призна дека таа и Јелена не се согласуваат за некои работи.

„Нормално и природно е што Јелена презеде некои работи, не би било добро да се мешам во нивниот живот. За жал, тие ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и оаза, а Јелена одредени работи ги прави на свој начин. Доаѓа до судири, особено кога е во прашање исхраната која не ја поддржувам“, изјави тогаш Дијана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MONDO Sport (@mondorssport)

Извори блиски до семејството тврдат дека Јелена и Дијана се игнорираат кога тоа е воопшто можно и дека не сакаат да влезат во уште поголем конфликт поради Новак, кого и двајцата го поддржуваат со цело срце, иако на различни начини.

Додека Дијана со сопругот Срѓан и синот Ѓорѓе протестираа пред Народното собрание и даваа изјави за медиумите, Јелена изминативе недели целосно се повлече од јавноста и не покажа посветеност или поддршка како другите членови на семејството.

Ѓоковиќ и невакциниран ќе може да игра на Ролан Гарос

Сопругата на Ѓоковиќ на својот инстаграм-профил го честита православниот Божик и покрај честитката им се заблагодари на сите кои го поддржуваат Новак согласно случувањата во Австралија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот