Јавниот долг на Грција се приближува до 200 отсто од БДП: Земјата спас гледа во туристите и кредиторите

Грција сака да преговара со кредиторите од еврозоната за нов финансиски план, бидејќи корона кризата влијае на натрупувањето на јавниот долг на земјата на речици 200 отсто од БДП.

Грција изминатите десет години користеше три програми за меѓународна финансиска помош за излез од кризата, во 2018 година се договори со доверителите да оствари примарен буџетски суфицит во висина од 3,5 проценти до 2022. Но со ова ниво на суфицит се ограничува и можноста за владините трошења, а тоа е услов во замена за ублажување на условите на отплата на долгот.

Меѓутоа, бидејќи пандемијата ја блокираше економската активност во Грција, министерот за финансии Кристос Стаикоурас најави дека планира да разговара со колегите од еврозоната за нови фискални цели.

– Земајки ја предвид одлуката која неодамна ја донесе Европа, ние тие цели ги немаме во планот за 2020 година, и ќе разговараме на ниво на Европа за целите и плановите како и очекувањата за 2021 година па во идниот период, имајќи ги предвид расходите како одговор на корона кризата, вели Стаикоурас.

Во екот на пандемијата, европските креатори на политиката се договорија во март да ги суспендираат фискалните цели за сите земји членки на унијата, допуштајќи им при тоа поголема слобода да се изборат со невидениот економски удар. Но предвидено беше ваквата одлука да биде со привремен карактер, како одговор на економската криза ширум блокот.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот