Јапонскиот император го одржа својот прв роденденски говор по четири години на тронот

Прв роденденски говор на Нарухито/ Фото: Yoshikazu Tsuno/Getty Images/POOL/SOPA Images / Shutterstock Editorial / Profimedia

Јапонскиот император Нарухито денеска го одржа својот прв јавен роденденски говор откако седна на тронот пред речиси четири години, главно поради ковид пандемијата, и повика на поддршка за луѓето кои се борат со инфлацијата и вирусот. „Многу луѓе имаат потешкотии во секојдневниот живот поради пандемијата и зголемените цени“, рече Нарухито од балконот на палатата.

Илјадници граѓани се собраа пред неговата палата да го слушаат Нарухито.

„Срцето ме боли кога размислувам за луѓето во ранлива положба – постарите, лицата со посебни потреби – на кои им е потребна поддршка и за луѓето во сиромаштија и нивните деца“, рече Нарухито.

Нарухито го обнови традиционалното новогодишно обраќање

„Сепак, охрабрува и благодарен сум што знам дека има многу луѓе кои ги поддржуваат ранливите“, додаде тој.

Нарухито, кој наполни 63 години, беше крунисан за цар на 1 мај 2019 година, откако неговиот татко Акихито се повлече. Тој стана првиот император кој се откажал во последните два века во Јапонија.

Јавните роденденски обраќања на царот се традиција во Јапонија, но настанот е суспендиран од 2020 година поради пандемијата. Минатиот месец, Нарухито, исто така, го обнови традиционалното новогодишно обраќање на царот за прв пат од избувнувањето на ковид пандемијата, бидејќи земјата почна да ги олеснува ограничувањата и се врати на нормалните практики.

На Нарухито му се придружија сопругата, царицата Масако, ќерката Аико (21) и неговиот брат престолонаследникот Акишино со сопругата и ќерките. Сите носеа бели маски. Утврдено е дека на настанот може да учествуваат помалку од пет илјади луѓе, а тие се избрани од над 60 илјади апликанти, според официјалните податоци на царската агенција.

Пред пандемијата, секој можеше да присуствува на роденденскиот говор. Се чувствувам многу среќен што првпат ќе го прославам роденденот пред публика“, изјави Нарухито. Тој, исто така, ја изрази својата длабока благодарност до Масако што поминала повеќе од половина од нејзиниот живот со него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот