Јапонија: Ургентната медицината пред колапс поради заразените од Ковид-19

Луѓе пешачат во областа Кабукичо, една од најпознатите и најголемите улици која нуди богат ноќен живот и забавен репертоар / 09 април 2020, Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Јапонските медицински служби предупредија денеска дека ургентната медицината во земјата се соочува со колапс поради големиот број на луѓе кои се заразени од коронавирусот, што исто така би можело да доведе до колапс на целиот здравствен систем.

Човек со заштитна маска стои пред неговата продавница за традиционална медицина во областа Сугамо, Токио / 03 април 2020, Токио, Јапонија / Фото: EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Во заедничката изјава на јапонското Здружение за акутна медицина и Здружението за итни случаи се посочува дека многу болници одбиваат итни случаи, вклучувајќи мозочни удари и срцев удар и надворешни повреди.

Предупредуваат и за недостиг на заштитна опрема, пренесуваат локалните медиуми.

Во Јапонија досега има 7.000 заразени и 100 смртни случаи. Иако изгледаше дека ова е една од ретките држави кои успејаа да го исконтролираат ширењето коронавирусот, пред неколку дена беше прогласена вонредна состојба и Владата ги повика луѓето да останат дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот