Јапонија му нареди на рускиот конзул во Сапоро да ја напушти земјата

Знаме на Јапонија и Русија/ Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши му наредил на рускиот конзул во Сапоро да ја напушти Јапонија до 10 октомври, објави денеска новинската агенција Кјодо.

Одлуката на Токио доаѓа откако Федералната служба за безбедност (ФСС) на Руската Федерација минатиот месец соопшти дека го привела јапонскиот конзул во Владивосток под сомнение за шпионажа и му наредила да ја напушти земјата.

Јапонскиот дипломат беше ослободен неколку часа откако беше приведен. Токио изрази „силен протест” против дејствијата на Русија и сигнализираше дека може да преземе реципрочни мерки.

Јапонскиот конзул Мотоки Тацунори е прогласен за персона нон грата откако ФСС соопшти дека тој бил фатен од руските власти како добива доверливи информации за последиците од западните санкции врз економската ситуација на рускиот Далечен Исток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот