INSTAR Images / Profimedia

Јапонците направија машина за перење… луѓе – Ќе ве измие и исуши за 15 минути, а за среќа, нема центрифуга

Јапонската компанија Science Corporation ја претстави Mirai Ningen Sentakuki, т.е. футуристичка машина за перење луѓе, и ја изложи во рамки на Osaka Healthcare на светската изложба Osaka-Kansai Expo 2025, која заврши пред неколку недели.

Овој необичен концепт има за цел да го промени традиционалниот начин на одржување на хигиената и да ги воведе луѓето во нова ера во која и телото и умот се чистат истовремено.

INSTAR Images / Profimedia

Машината за перење луѓе е всушност монументална капсула со ниско седиште. Откако корисникот ќе седне во неа, покривот се спушта и целосно се затвора. На екранот почнуваат да се појавуваат релаксирачки сцени – како што се слики од подводниот свет или зајдисонца придружени со смирувачка музика.

Капсулата постепено почнува да се полни со топла вода и ултрафина сапуница до ниво на градите, миејќи го корисникот. Потоа оваа вода се испушта, а млазниците прскаат чиста вода за да ја измијат пената и нечистотијата.

Целиот процес на чистење на телото трае само неколку минути и не бара никаква акција од лицето внатре.

Постапката е автоматизирана со помош на вештачка интелигенција. Прецизни сензори во капсулата постојано го мерат нивото на водата, температурата и протокот за да обезбедат максимална удобност за корисникот.

Производителите истакнуваат дека машината за перење луѓе, исто така, ја минимизира потрошувачката на вода наменета за капење, а содржи и интелигентни решенија за рециклирање и филтрирање на вода. Оние кои досега ја пробале се воодушевени од новиот концепт за капење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот