Јанша: Словенија нема да биде дел од Вишеградската група

Словенечки премиер Јанез Јанша/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

 Словенечкиот премиер Јанез Јанша во интервју за австриската новинска агенција АПА, изјави дека Словенија не планира да влегува во цврсти сојузи, како што е Вишеградската група и укажа на значењето на соработката помеѓу соседите.

– Нема потреба да кажеме дека секогаш ќе поддржуваме некоја земја или група земји во ЕУ. Секогаш имаме предвид што е добро за нашите граѓани, кои не избраа, посочи Јанша.

Тој исто рака го истакна значењето на односите помеѓу соседите, кои, како што потенцира, биле клучни за време на пандемијата со Ковид-19.

– Во исклучителни времиња точно знаеме на кого можеме да се потприме, наведе Јанша.

Тој по повод рестриктивните мерки и затворањето на границите поради епидемиајта со новиот коронавирус  истакна оти тоа потсетува на некои мрачно време на Европа, додавајќи оти од клучно значење е билатералната соработка со соседните држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот