Јанша: Ќе имунизираме 70 проценти од население до лето, дотогаш неопходна дисциплина

Словенечки премиер Јанез Јанша/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Словенечкиот премиер Јанез Јанша е уверен дека Словенија се уште може да ја постигне целта да имунизира 70 проценти од населението до лето, но и предупреди дека поради негативниот тренд на епидемијата, тешкотиите со испорака на вакцини и појавата на мутација на вирусот строго треба да се почитуваат сите епидемиолошки мерки.

Словенија досега примила и претежно веќе потрошила 76 илјади дози вакцини на Фајзер/БиоНТек и на Модерна, а во февруари очекува уште 110 илјади дози од истите производители.

Испораката на ветените 80.000 дози вакцина на АстраЗенека е многу сомнителна поради познатите несогласувања меѓу Европската комисија и производителот, рече Јанша, додавајќи дека се надева на вакцината на Џонсон/Џонсон, која наскоро треба да биде одобрена во Европа.

Словенечкиот премиер предупреди дека сегашната епидемиолошка состојба и нејзините трендови во Словенија „не се добри”, а ситуацијата ја влошува и појавата на мутацијата првпат забележана во Велика Британија, за која се покажа дека е присутна во државата од крајот на минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот