Јанковиќ: Децата не се толку подложни на Ковид-19 како возрасните

Јанковиќ вели дека огромното мнозинство луѓе ги почитуваат превентивните мерки, но дека проблемот е во тоа што не стигнале до сите.

Имунологот и член на Кризниот штаб на Србија, д-р Срѓа Јанковиќ, изјави за РТС дека граѓаните мора да се однесуваат во секое време како да секој од нив може да биде заразен и да ја пренесе инфекцијата на други.

Јанковиќ вели дека огромното мнозинство луѓе ги почитуваат превентивните мерки, но дека проблемот е во тоа што не стигнале до сите.

„Малцинството кое не се придржува, особено ако станува збор за поголеми собири без заштита, може да ја влоши епидемијата. Мора да бидеме свесни, да се грижиме за да го намалиме ризикот на минимум. Тоа конкретно значи одржување на оддалеченост, намалување на контакти со оние што се неопходни и, се разбира, мерки за лична заштита, како што се носење маски“, вели Јанковиќ.

На прашањето кога може да се очекува крајот на глобалната пандемија, тој истакна дека е сосема невозможно да се каже.

„Можеме да кажеме дека постојат првите индикации дека се приближуваме кон подобрување, но тоа е многу опасно да се каже затоа што сè уште постои потенцијал за влошување“, вели Јанковиќ.

Тој посочува дека децата не се толку подложни на заболување како возрасните, но додава дека не постои возрасна група што е целосно поштедена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот