Јани Атанасов: Го дадовме срцето на теренот, ги исполнивме задачите на селекторот

фото: ФФМ

Фудбалската А репрезентација на Македонија по ремито со Италија, забележа нов позитивен резултат во квалификациите за ЕП 2024, совладувајќи ја селекцијата на Малта со 2:0 на гостински терен.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски од самиот старт на мечот наметнаа своја игра, го притиснаа противникот на својата половина и постигнаа два гола до полувремето, и на тој начин го решија прашањето на победникот, оправдувајќи ја фаворитската улога.

Ова е втора победа на сениорската репрезентација во овие квалификации, а следниот меч ќе го имаат на 14 октомври против Украина, според најавите, во Прага, Чешка.

Нашиот репрезентативец Јани Атанасов беше стартер на дуелот против Малтежаните и настапи до 79 минута кога беше заменет од Агон Елези.

– Уморни сме, но го дадовме максимумот, го дадовме срцето на теренот. Сите заедно како тим делувавме компактно и на крајот заслужено ги освоивме трите бода. Покажавме дека под притисок сме многу здрави, и дека можеме да го носиме притисокот. Без разлика каков е притисокот кога се игра за Македонија даваме сè од себе, и секогаш сме тука за Македонија. Ги исполнивме задачите на селекторот и сега бевме подобри во завршницата од нападите – изјави Атанасов по завршувањето на натпреварот против Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот