Јаневска: МОН да ја повлече новата концепција за образование

Фото: youtube/printscreen

Не смее да се донесе нова концепција за основното образование без да се направи стручна владина мултидисциплинарна анализа, која ќе ни каже дали постои можност да има неуспех, изјави поранешната пратеничка и член на ВМРО-ДПМНЕ, Весна Јаневска, на јавната расправа во Собранието.

-На сите кои се бават со образование им е јасно дека реформа е потребна, без да ги наведувам причините, познати се. Но, концепцијата е донесена со светлосна брзина, во затворен круг, без анкета на родители, на ученици, не се консултираа ниту професорите, а не беше направена ни јавна дебата при самото нејзино изготвување. Не е точно дека широката стручна јавност дава поддршка на концепцијата, изјави Јаневска.

Таа порача концепцијата да биде повлечена, а при идни концепти препорача да се напушти начинот на интегрирање на предмети.

– Во вакви моменти кога се оспорува историјата не ли се изврши лоша проценка по последиците на националните интереси или пак е тенденциозен чин за други цели? Зошто Драги Ѓорѓиев е повикан да расправа за новата концепција во образованието? Дали не се поткопуваат националните позиции во време кога Красимир Каракачанов бара да ни се промени образованието, праша Јаневска.

Според неа, наставниците се изморени и измачени, а од септември им се најавува нова концепција, без да имаат најава дека некој воопшто ќе ги обучи.

Барбареев: Нашите ученици имаат тешкотии со читање и пишување

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот