Барбареев: Нашите ученици имаат тешкотии со читање и пишување

Нашите ученици имаат тешкотии со читање, пишување, математика и критичко мислење, па оттаму е неопходно да има реформи во образованието, изјави универзитетскиот професор Кирил Барбареев, кој е и член во Комисијата која го изготуваше новиот концепт во основното образование.

Тој вели дека се спроведени голем број истражувања на домашни и меѓународни институции, додавајќи дека сите домашни студии биле насочени кон делови од системот, а меѓународните биле насочени кон целосната слика особено во основното образование, но обете покажуваат дека реформи мора да има.

– Сите што велат дека концепцијата има недоследности забораваат дека ова е концепт, односно зачеток за нова образовна парадигма за нов воспитно-образовен систем. Парцијалните промени се суштински за изградба на образовен систем. Уште колку години треба да анализираме дека имаме слаб систем, кој е политизаран, без стандарди, во кој сите имаат успех 5,00, па ние уште велиме дека сега не е време, изјави професорот Барбареев.

Тој додаде дека во училиште немаат волја да одат ниту учениците, ниту наставниците. Според него образовниот систем се „врти во круг“, па така универзитетските професори велат дека студентите имале слабо образование во средно училиште, додека оние професори од средно како виновник ги посочиле колегите од основното образование, а тие пак прстот го вперувале во предучилишната настава. Како стигнавме до ова? А, замислете некои уште прашуваат дали е време за промени, истакна Барбареев.

– Го прашале Гоце Делчев „зошто да учиме француски“, а тој им одговорил „за да можеме да му кажеме на светот дека сме Македонци“ – рече  Барбареев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот