Јан Вертонген ја освежи одбраната на Бенфика (ВИДЕО)

фото: твитер

И официјално вечерва Јан Вертонген е промовиран како нов играч на еден од најдобрите клубови во Португалија.

33-годишниот белгиски дефанзивец од следната сезона ќе ги брани боите на Бенфика. Тој потпиша договор кој ќе трае до 2023 година.

Досега настапуваше за составот на Тотенхем, лондонската екипа не му понуди нов договор и после осум години се раздели со Вертонген кој со премиерлигашот беше финалист во Лига купот и Лигата на шампионите.

Во последната сезона од Премиер лигата од 23 натпревари забележа еден погодок во гостинскиот триумф над Вулверхемптон (1:2).

Во својата кариера беше дел уште од Ајакс и РКЦ Валвијк, а со најдобрата белгиска репрезентација на СП 2018 се закити со бронзениот медал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот