Јан Чувара си заминува од Вардар

Фото: EPA-EFE/Petr David Josek / POOL

Полскиот ракометар Јан Чувара нема да го продолжи договорот и со Вардар и во новата сезона ќе го гледаме во друга средина.

Пред крајот на сезоната 27-годишниот ракометар заработи тешка повреда на коленото. Според најавите се очекува да паузира до крајот на годината.

Чувара и Вардар имале вербален договор за нова соработка, но работите се промениле кога се повредил и поради тоа нема да остане.

„Договорот со Вардар ми заврши во јуни, клубот претходно ми понуди договор за кој си дадовме усна согласност. Требаше само да се потпишат документите. Но, сега сум во потрага по нов клуб, иако знам дека нема да биде лесно. Прво затоа што заздравувам, а второто затоа што на крајот на јуни повеќето клубови стартуваат со сезоната. Жал ми е за тоа што го направи повредата, но се обидувам да се вратам и не се откажувам од ракометот на високо ниво“, изјави Чувара за полскиот „Спорт“

Во редовите на Вардар, Чувара настапуваше во последните две сезони, а претходно беше дел од Заглебје и Горник Забрже. Дресот на репрезентацијата на Полска го носи од 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот