Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски пристигна пред судот/ Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Јакимовски обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го блокира изгласувањето на буџетот на Општината

Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски вели дека се лага и измислица изговорите на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деталните урбанистички планови каде ќе се прават згради.

– Ги повикав сите советници и им предложив, секоја советничка група нека каже и нека одлучи кои два плана се подготвени да ги поддржат. Може ли да одговорат зошто не гласаат и планови каде што има само куќи? Зошто советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против планот во Злокуќани? Имаме ли згради во Злокуќани во тој дел?, праша Јакимовски, одговарајќи на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека за бизнис од 600 милиони евра ќе се бетонизира делот кај поранешна „Алумина“.

Јакимовски рече дека од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ се прават опструкции за недонесување на Буџетот на Општината за 2024 година и за важни проекти за граѓаните.

– Одбиваа да гласаат детални планови каде што има само куќи и каде што граѓаните бараат постојано да доградат, но, очигледно дека ваквите деструктивци се погрешен избор за граѓаните во општината. Останува да се бориме против ваквите деструкции и очекувам поддршка од граѓаните токму на оваа тема. Да се деблокира работата на буџетот, да се поддржат овие програми, подвлече Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот