Јакимовски го објави списокот на играчи за квалификацискиот турнир во Р. Ирска

Македонските фудбалски надежи се во групата со Р. Ирска, Полска и Андора/Фото: ffm.mk

Македонската репрезентација до 17 години денеска ги започнува подготовките за квалификацискиот турнир за пласман во елитната фаза за пласман на ЕП.

Турнирот ќе биде одигран во Република Ирска во периодот од 7 до 13 октомври, а покрај нашата селекција учествуваат домаќинот Република Ирска, Полска и Андора.

Првиот натпревар избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против Полска на 7 октомври, три дена подоцна се соочуваме со Република Ирска. Последниот меч го играме со Андора на 13. октомври.

Селекторот Тони Јакимовски за квалификацискиот турнир ги повика следните фудбалери:

Голмани: Самоил Талевски (Академија Пандев), Давид Стојановиќ (Македонија Ѓ.П.), Диел Доку (Њу Старс);

Oдбрана: Симеон Здравковски (Вардар), Даниел Марковски (Хелсенборг, Шведска), Андреј Аризанковски (Победа), Марко Стојилевски (Вардар), Анес Малиќи (Шкендија), Хадис Таири (Њу Старс), Матеј Јаневски (Работнички);

Среден ред: Амир Нухија (Шкендија), Мартин Ѓорѓијевски (Академија Пандев), Адриан Зенделовски (Малме, Шведска), Мухамед Елмас (Работнички), Кире Стојанов (Академија Пандев), Зона Назифи (Шкендија), Омерфарук Сулејман (Шкупи), Азис Јамини (Ренова), Стефан Тодоровски (Њу Старс);

Напад: Никола Манојлов (Работнички), Леин Таири (Шалке, Германија);

– Претходните контролни турнири и пријателски натпревари ни помогнаа многу да ја подобриме нашата игра и да ја зголемиме самодовербата. Во Република Ирска не очекуваат тешки натпревари, играме против квалитетни репрезентации. Веруваме во нашите можности, можеме да се носиме со сите селекции во групата. Првиот дуел со Полска ќе биде клучен за нас, знаеме како да одиграме против нив, имаме издвојувано победа на последната меѓусебна пресметка. Мал проблем претставува отсуството на напаѓачот Алекс Митров, фудбалерот не доби дозвола од клубот Јанг Бојс. На негово место е повикан Леин Таири од германски Шалке. Поседуваме квалитет и потенцијал, тоа сакаме да го докажеме на овие натпревари – вели Јакимовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот