Јагоди со шлаг – кралскиот десерт кој се служи на „Вимблдон“

Фото: Профимедиа

Нема ништо послатко од  јагоди и шлаг! На ова жешко време, пробајте го рецептот кој е вековна кралска традиција, декадентна и лесна е за правење. Во оваа комбинација се уживало со векови во Велика Британија, а Кардинал Волси кој бил десна рака на кралот Хенри VIII, се смета за првата личност што го создала јадењето во 16 век. Сега на „Вимблдон“ се служат околу 192.000 порции од овој десерт секоја година, пренесува „People“.

Состојки:

  • Пола килограм мали свежи јагоди, убаво исчистени
  • 2 лажици шеќер
  • 180 гр крем за шлаг, изладен
  • 35 гр шеќер во прав
  • 1 лажиче екстракт од ванила
  • свежи листови од нане, за украс

Подготовка:

Во чинија, измешајте ги заедно јагодите и шеќерот додека убаво се распоредат состојките. Покријте ги и ставете ги во фрижидер. Најмалку 1 час, а најмногу до 8 часа. Потоа, ставете крем за шлаг, шеќер во прав и екстракт од ванила во средна чинија. Мешајте со електричен миксер со голема брзина додека не се формираат меки врвови. Послужете ги јагодите со нивните сокови рамномерно во чинии за сервирање. Одозгора ставете им дарежлива количина на шлаг од ванила и украсете со нане.

На здравје!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот