Јагнешки бут со рузмарин


СОСТОЈКИ
– 1 јагнешки бут, отприлика 2-2,5 кг, обескостен
За маринадата
– 2 лажици сечкан свеж рузмарин
–  2 лажици свежо сечкана мајчина душичка
–  рендана кора од 2 лимона
–  6 чешниња лук
– 130 мл маслиново масло
– 3 свежи листови лавор

ПОДГОТОВКА
Лукот згмечете го и во еден сад измешајте го со другите состојки за маринадата, но не додавајте сол. Со нож направете засеци длабоки околу 2,5 см низ месото. Ставете го месото во неметален сад со засеците надолу и полејте го со маринадата. Убаво премачкајте го од сите страни, покријте го садот и оставете го во фрижидер. Уште подобро е ако го оставите преку ноќ да стои во маринадата. Така ќе ги впие сите вкусови од нејзе.
Пред да го готвите месото, загрејте ја рерната на 200 степени, зачинете го од двете страни со сол и ставете го да се пече 45 минути, односно додека добие убава светло кафеава боја, или еден час ако сакате да е добро печено. Потоа извадете го од рерна и оставете го да се одмори десеттина минути. Ако сакате, можете да го потпечете на загреана скара по 10 минути од секоја страба, за да добие крцкава коричка.
Соковите од тавата во која се печеше месото ставете ги во мал сад и со лажица отстранете ја мрснотијата. Чувајте го на топло, и послужете го сосот заедно со месото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот