Ја китите елката во ноември? Еве што говори тоа за вашата психичка состојба

Сега имате научна потврда како изговор да го вратите колку што можете порано чувството од детството…

– За повеќето луѓе украсувањето за Нова година потсетува на најдобрите времиња во нашиот живот, изјави Ејми Морин, психотерапевт од Флорида и автор на книгата „13 работи кои ментално силните луѓе не ги прават“.

– Размислувањето за тие среќни спомени поттикнува среќни чувства, додаде таа.

Радоста која доаѓа за време на украсувањето пред новогодишните празници доаѓа од носталгијата, а тоа е докажано во студиите, во кои е утврдено дека ги поттикнува емоциите и ја зголемува позитивната еуфорија, вели Морин.

– Кога ги поставувате украсите, мислите на среќните времиња, времето со семејството и пријателите и семејната традиција во која сте учествувале, изјави таа.

За некои луѓе тоа е тажно – доколку членовите на семејството повеќе не се тука – но тоа и понатака останува начин на поврзување.

Уште еден аспект од новогодишната и божиќната радост потекнува од традицијата за дарување во текот на празниците, објаснува Морин.

– Алтруизмот се зголемува во декември и како луѓето започнуваат да подаруваат и донираат, тоа ги прави посреќни, заклучи таа.

Една студија исто така покажа дека украсувањето на надворешниот дел од куќата пред празниците може да направи да изгледате попријатно и подружељубиво.

– Помага во изградбата на чувства во заедницата и припадноста, а сите тие работи се поврзани со среќата.

Новогодишните и божиќните празници прават луѓето да се чувствуваат еуфорично, тогаш многу убави зборови се кажуваат и споделуваат во споредба со било кој период од годината. Тоа е период кога уживаме подарувајќи не само материјални работи туку и духовни, повикувајќи го детето во нас, радоста и среќата, им посакуваме на другите среќа, љубов и успех. Па токму затоа, започнете со декорацијата порано.

Користете и природни украси како што е бобичестото овошје, или дивите грмушки кои имаат бобинки, борови гранчиња, шишарки, вашиот дом ќе биде обоен со топлина, но и ќе ја разбуди креативноста во вас, а ќе го израдува и усреќи и детето во вас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот