Извршителите и судиите треба кривично да одговараат ако не ја почитуваат застареноста на долговите, порачаа здруженијата

Голем број граѓани поднеле барања за прекин на извршните постапки кај кои се поминати повеќе од 10 години од денот на доставување, според измените во Законот за облигациони односи, но извршителите се изјасниле за ненадлежни за утврдување на застареност на долг. Законските измени се во сила 4 месеци, но се практикуват со исклучоци.

Граѓанските здруженија денеска повторно алармира за овој проблем. Тие посочија дека сепак, дел од судиите одлучиле во полза на граѓаните, токму според законските измени.

– Апелационите судови во Скопје и Гостивар веќе донесоа апсолутно застарување, што укажува дека законот постои. Четири основни судови и осум судии го донесоа апсолутното застарување и во второстепените одлуки веќе имаме две-три решенија – изјави Ана Глигорова, здружение „Човекот над профитот“.

Претседателот на Конфедерација на синдикални рганизации на Македонија Миле Ристевски, саркастично праша дали законот има рокче што други не сакат да го спроведуваат.

– Што му фали на овој закон? Дали има рокче па некого го боде, на нас не ни е и јасно. Закон во нормална држава мора да се почитува. Во оваа држава единствено што функционира се извршителите, адвокатите, нотарите, брзите кредити и финансиски друштва – вели Ристески.

Марјан Ненов од Здружението „Но пасаран“ бара кривична одговорност за непочитување на Законот.

– Има на некој начин, некое здружување помеѓу незаконската работа на извршителите и незаконската работа на судиите и треба кривично да се одговара за ова. Дали извршителското лоби е толку силно и дали тоа ги полни сметките на нашите политичари, тоа треба да се запрашаат во Јавното обвинителство – порача Ненов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот