Кифер Сатерленд / Фото: Justin Ng / Avalon / Profimedia

Извори од полицијата открија нови детали за нападот на Кифер Сатерленд врз таксистот: „Се обидел да го задави“

Американскиот актер Кифер Сатерленд беше уапсен на 14 јануари во Лос Анџелес поради инцидент со возач кој врши превоз на патници преку дигитална платформа, а полициски извори сега откриваат нови детали за наводниот физички напад.

Како што потврдиле полициски извори за американската телевизиска мрежа Еј-би-си Њуз (ABC News), Сатерленд за време на возењето наводно повеќепати го удирал возачот и се обидел да го задави. Возачот ѝ изјавил на полицијата дека, стравувајќи за сопствената безбедност, избегал од автомобилот за да се оддалечи од актерот.

Според достапните информации, возачот не претрпел повреди што би барале лекарска интервенција. Сведоци на настанот, кој се случил на 12 јануари, тврдат дека Сатерленд бил под дејство на алкохол и дека возачот повикувал помош додека се обидувал да се спаси.

Од полицијата наведуваат дека во возилото имало поставена камера која би можела да содржи снимки од дел од инцидентот, што би можело да биде значајно за понатамошната постапка.

Иако засега против актерот не е поднесено обвинение, Канцеларијата на окружниот обвинител на округот Лос Анџелес за „Еј-би-си Њуз“ (ABC News) соопштила дека обвиненијата би можеле да следуваат наредниот месец, по неговото закажано појавување пред суд. Сатерленд бил уапсен под сомнение за упатување сериозни закани, а од притвор бил пуштен по плаќање кауција во износ од 50.000 долари. На суд треба да се појави на 2 февруари.

Новите информации се појавија по претходните извештаи според кои актерот наводно му се заканувал на возачот дека ќе го убие.

Како што претходно објави списанието ТМЗ (TMZ), Сатерленд повикал возило преку Убер (Uber) по вечера со пријатели, а за време на возењето побарал возачот да застане и да му дозволи да излезе. Според неговите тврдења, возачот двапати го одбил тоа барање, по што дошло до вербален, а потоа и до физички судир.

Актерот Кифер Сатерленд е уапсен, нападнал таксист во Холивуд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот