Гвидо Кросето, министер за одбрана на Италија/Фото: EPA/OLIVIER MATTHYS

Израелската влада ја изгуби својата човечност и разум, реагира Рим

Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето во интервју за весникот „Ла Стампа“, се осврна на најновите случувања на Блискиот Исток.

„Израелската влада ја изгуби својата човечност и разум. Секогаш мора да ги одвојуваме владите од нивните држави, народи и религии. Ова важи и за Нетанјаху, како и за Путин, чии методи сега изгледаат опасни“, рече Кросето.

„Она што се случува е неприфатливо. Не се соочуваме со воена операција со колатерална штета, туку со јасно негирање на Законот и основните принципи на нашата цивилизација. Вложуваме напори, во однос на обезбедувањето хуманитарна помош, но покрај осудата, сега мора да најдеме начин да го принудиме Нетанјаху да се однесува разумно“, додаде шефот на италијанското Министерство за одбрана.

Според Гвидо Кросето , „едно е да се ослободи Газа од Хамас, а друго од Палестинците. Првото може да се нарече ослободување, но протерувањето на народ од неговата земја е нешто сосема друго и употребениот термин се чини дека е сосема несоодветен“ .

Италијанскиот министер за одбрана, конечно, одговарајќи на релевантно прашање од „Ла Стампа“, подвлече дека верува оти признавањето на државата Палестина во оваа фаза не е решение „бидејќи признавањето на држава што не постои е ризик да се претвори само во политичка провокација во меѓународна ситуација полна со предизвици“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот