Фото: EPA/ABEDIN TAHERKENAREH

Израелската армија порача: Ќе го гониме, ќе го најдеме и ќе го убиеме Моџтаба Хамнеи

 

Израелската армија објави дека ќе го пронајде и ќе го убие новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, објавија светските медиуми.

Во разговор со новинарите, портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека ИДФ не го знае моментниот статус на Хамнеи, истакнувајќи дека тој не е виден ниту слушнат во јавноста од неговото назначување.

„Но, можам да кажам едно: ние ќе продолжиме – како што докажавме – ќе продолжиме да гониме секој што претставува закана за државата Израел“, рече Дефрин. „Ќе го гониме, ќе го пронајдеме и ќе го неутрализираме.“

Дефрин додаде дека секој што „крева рака“ против Израел „не е безбеден“.

„Израел ќе продолжи да ги таргетира припадниците на иранските паравоени сили Басиџ, ќе стигнеме до сите, без разлика каде или кога“.

Војската претходно соопшти дека го убила командантот на Басиџ, Голамреза Солејмани.

Моџтаба Хамнеи наводно пренесен во Москва поради здравствени и безбедносни причини

Израелскиот Генералштаб индиректно го потврди нападот врз Али Лариџани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот