Али Лариџани/Фото: east2west news / WillWest News / Profimedia

Израелскиот Генералштаб индиректно го потврди нападот врз Али Лариџани

Началникот на Генералштабот на израелските одбранбени сили, генерал-потполковник Ејал Замир, денеска го потврди нападот насочен кон „вториот лик на иранскиот режим“, Али Лариџани, пренесува Тајмс оф Израел.

За време на утринскиот брифинг, Замир рече дека „ значајни достигнувања во превентивната елиминација се забележани и во текот на ноќта, со потенцијал да влијаат врз достигнувањата на кампањата и мисиите на израелските одбранбени сили“ – очигледно алудирајќи на нападот насочен кон Лариџани.

-Ова доаѓа покрај елиминациите извршени во последните денови во Иран против надворешни елементи, исто така поврзани со палестинската „арена“ – нагласи Замир, осврнувајќи се на претставници на Исламски џихад.

Тој истакна дека „високите агенти вклучени во терористички активности од Газа и од Јудеја и Самарија (Западен Брег)“ се криеле во безбедна куќа во Техеран кога биле погодени.

Командантот на паравоените сили Басиџ, Голамреза Солејмани, исто така беше цел на израелски напад во Иран во текот на ноќта, според израелските власти.

Сè уште не е јасно дали Солејмани е убиен или повреден во нападот.

Официјалните лица велат дека високиот ирански функционер Али Лариџани исто така бил цел во текот на ноќта, а друг напад пред неколку дена бил насочен кон лидерот на палестинскиот Исламски џихад, Акрам ал-Аџури, и други високи функционери во терористичката група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот