Израел превентивно ги затвора синагогите

Со новите мерки Израелците нема да можат да се оддалечуваат повеќе од 100 метри од своите домови.

Како дел од зголемените мерки за борба против коронавирусот што земјата планира да ги воведе е и мерката со која се предвидува затворање на Синагогите. Новите мерки треба да бидат објавени во текот на денешниот ден.

Според извештаите на локалните медиуми, властите планираат да им забранат на Израелците да се оддалечуваат повеќе од 100 метри од своите домови и да дозволат само едно лице од секое семејство еднаш дневно да излегува на пазар.

Според сегашните правила, во затворен простор е забрането собирање на повеќе од десет лица.

Неодамнешната анализа на израелскиот здравствен информативен центар покажува дека речиси 25 проценти од луѓето се заразиле со коронавирус во синагога.

Главниот рабин во земјата ги повика Евреите, додека се во изолација во нивните домови, да учествуваат во денешната заедничка молитва за спречување на епидемијата.

Во Израел се потврдени над 2.000 случаи на заразени со коронавирус, меѓу кои пет смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот