Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел/Фото: EPA-EFE/JACK GUEZ / POOL

Израел откри: Постара жена планирала да го убие Нетанјаху со бомба

Една постара жена од централен Израел беше уапсена од Шин Бет (Израелска безбедносна служба) под сомнение за обид за атентат врз премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Како што денес објави израелскиот јавен радиодифузер КАН, жената е осомничена за планирање напад врз животот на премиерот на земјата со импровизирана експлозивна направа.

Осомничената, чиј идентитет сè уште не е објавен, беше уапсена пред две недели, но беше ослободена под услов да ѝ биде забранет влез во сите владини институции и да не се приближува до премиерот.

Според „Џерусалем пост“ и „КАН“, таа ќе биде обвинета во четврток за заговор за извршување кривично дело и заговор за извршување терористички чин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот