Израел официјално го призна турскиот геноцид врз Ерменците, Анкара остро реагираше
Во Тел Авив, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху првпат официјално изјави дека за време на распадот на Отоманската империја е извршен геноцид врз Ерменците и другите народи во Анадолија, во кој загинале повеќе од 1,5 милиони луѓе. Израелскиот парламент, Кнесетот, исто така усвои резолуција во таа насока.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Одлуката предизвика остри реакции во Анкара. Како што пренесува Еуроњуз, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја отфрли изјавата како „неоснована“ и го обвини Нетанјаху за сегашни геноцидни дејства врз Палестинците во Газа. Министерството за надворешни работи на Турција го обвини Израел дека користи историски настани за сегашни политички цели.
Нетанјаху истакна дека признавањето на геноцидот е историска вистина и нагласи дека тоа не е поврзано со сегашните политички односи. Израелски официјални лица, пак, ја споредија реакцијата на Ердоган со однесување на султан во времето на отоманските освојувачи.
Признавањето на геноцидот врз Ерменците до сега беше избегнувано од страна на Израел за да не ги оптовари односите со Турција, кои беа нарушени со години. Во меѓувреме, повеќе од дваесет водечки земји во светот, меѓу кои Франција, Германија, Шведска, Русија, Аргентина и САД, го признаа геноцидот.


