ВИДЕО: Израел испрати авиони за да ги евакуира навивачите на Макаби по судирите во Амстердам
Полицијата уапси 57 лица во центарот на Амстердам, Холандија, по судири со навивачите на израелски фудбалски клуб Макаби Тел Авив.
Судирите се случија по фудбалскиот натпревар меѓу Ајакс и Макаби Тел Авив во кој холандскиот клуб победи со 5:0.
Холандскиот премиер Дик Шуф ги осуди „антисемитските напади“, а израелскиот Бенјамин Нетанјаху рече дека два спасувачки авиони биле испратени во Амстердам по, како што израелската војска опишала „тешки и насилни инциденти против Израелците“.
Портпаролката на полицијата за холандските медиуми изјави дека немирите избувнале околу плоштадот Дам во центарот на градот, но не прецизираше кој е вмешан.
Навивачите на израелскиот клуб Макаби од Тел Авив отпатуваа во Амстердам на натпреварот од Лига Европа против Ајакс.
After rampaging through the streets of Amsterdam day and night tearing down Palestinian flags and singing “kill all the Arabs,” the rabid fans of Israeli football club, Maccabi, finally got their asses rightly kicked. ⚽️
And now, people are calling it a pogrom. 😂 Just stop. pic.twitter.com/uBmDvSz872
— Samira Mohyeddin سمیرا (@SMohyeddin) November 8, 2024