Изненадување од Шпанија: Барселона го раскинува договорот со Циндриќ

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Според последните информации од Шпанија, Барселона ќе го раскине договорот со хрватскиот репрезентативец, Лука Циндриќ на крајот од сезоната, објавија каталонските медиуми.

Медиумите пренесуваат дека одлуката во Барселона ја донеле поради се почестите повреди на хрватскиот репрезентативец.

Раскинувањето на договорот со Циндриќ би ја олеснило финансиската ситуација во клубот, а на неговата позиција би можеле да го заменат Пол Валеро од Гранолес и Словенецот Домен Макуц. Покрај тоа барселона веруваат дека тука може да помогне и Словенецот, Блаж Јанц, па дури и Дика Мем.

Циндриќ во Барселона пристигна во 2019 година од Келце и потпиша договор до 2023 година. Пред три години потпиша нов подобар договор со Каталонците до 2025, но како што стојат работите нема да го одработи до крај.

Со Барселона хрвватскиот ракометар освои две титули во Лигата на шампионите, три првенства и три шпански купа. Ќе потсетиме, Циндриќ беше клучен играч во походот на Вардар кон европската круна во 2017 година, тогаш беше избран и за играч на годината од ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот