Марин Докузовски се врати во мак-баскетот, ќе биде тренер на второлигаш

Марин Докузовски фото: КФСМ

Eден од најпознатите и најтрофејни македонски тренери кој ни го донесе најголемиот репрезентативен успех во кошарката, Марин Докузовски е нов тренер на МКК Куманово.

Не станува збор за клубот кој минатата сезона испадна во Втората лига, туку за градскиот ривал кој до неодамна беше дел и од третолигашката конкуренција. МКК Куманово е клуб кој е формиран во 2018 година, па затоа и доведувањето на Докузовски е и сензационално.

Инаку, попознатиот КК Куманово минатата сезона испадна во Втората лига, а двата клуба немаат поврзаност.

„Најуспешниот и еден од најдобрите кошаркарски тренери во историјата на Македонија, Марин Докузовски е новиот тренер на Младински Кошаркарски Клуб Куманово кој се натпреварува во втората кошаркарска лига. Клубот постои од 2018 година, а во состав на клубот има младински кошаркарски школи од 12, 14, 16 и 18 години кои работат на развој и создавање на нови локални кошаркарски таленти“, соопштија од МКК Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот