Изложба на дела од Татјана Миљовска и Валентина Поцевска во „Јадро“

На 14 февруари (сабота) во КСП Центар Јадро, во 18 часот, ќе биде отворена изложба на слики од сериите Писмо и Анамнеза на Валентина Поцеска и инсталациите Ткиво 3, Ткиво 4 и Храм на Татјана Миљовска.

На изложбата ќе биде претставен и каталогот Просторност и темпоралност. Изложбата Простoрност и темпоралност беше реализирана минатата година (2025), во Националната галерија на Македонија – Чифте амам, под кураторство на Сузана Милевска.

Поцеска изложуваше колаж-слики од серијата Писмо, Миљовска настапи со инсталации и интервенции со цртежи во простор под наслов Ткиво1 и Ткиво 2. Во Чифте амам се претстави и Виолета Чаповска со видеоперформансот Сена и со видеото Секвана.

Оваа поставка на двете авторки во КСП Центар Јадро е надоврзување на претходната со неизложени дела од истите серии, но и со нови: Миљовска со инсталацијата Храм, a Поцеска со слики од актуелната серија Анамнеза, сè во духот на еко-феминизмот и на задоволството во течението на чувството преку збор (текст/писмо) до слика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот