Излезе „Женски печат“ број 64 во весникот „Слободен печат“

Излезе „Женски печат“ број 64 (неделен прилог за поголема видливост на жените во општеството) во дневниот весник „Слободен печат“.
Од денес, (2 март), прилогот има нов формат и двојно зголемен број на страници- 16.
Во овој број со нас се:
– д-р Васка Дамјановска Митова, психијатар: Ништо не трае вечно, па ни страдањето
– Бојана Јовановска од Хелшински комитет за човекови права: Сè уште сме општество во кое ќотекот е дисциплинска алатка
– Колумнистка ни е Виолета Михајлова, м-р по родови студии: Дознаваме за сурогат мајчинството
– Ви носиме Поимник – за да нема забуни околу употребата на некои (родово чувствителни) термини,
– Со Календарот пак, ве потсетуваме на она што не би требало да го заборавиме.
– Ви носиме и позитивна мисла на неделата!
– Наша секојдневна хероина овојпат е Александра Цветковска, програмска директорка во НДИ,
– Ни готвеше три превкусни рецепти Сузана Милиќ, сопственичка на „Валијант“.
Од стандардните рубрики: Чудесни жени (животот и делото на Роза Луксенбург), обработка на темата (зошто жените пишувале/пишуваат под машки псевдоними: обид за одбрана или предизвик?), славните „предатори“ ги ставивме под лупа, и остануваме хумани со повикот:
Да ѝ помогнеме на Андријана повторно да го живее животот во бои!
Новото издание на „Женски печат“ е водено од слоганот:
Да не сте зуцнале утре дека „ТАКВИ“ жени немаме!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот