Изборите на ЕХФ не можат без ракометари на Вардар, Дибиров номиниран за тимот на сезоната

фото: Денис Дуковски/rkvardar.mk

Покрај крилото на Вардар, во изборот на дрим-тимот за сезоната во ЛШ е и сега веќе поранешниот ракометар на Еурпфарм Пелистер, Владислав Остроушко.

Крилото на Вардар заедно со Остроушко се единствените ракометари од двете македонски екипи кои учествуваа во Лигата на шампионите кои се најдоа во поширокиот избор за тимот на сезоната за 2019/20.

rkeurofarmrabotnik

Иако сезоната е прекината,а ЕХФ одлучи да ги укине елиминациските рунди и пред крајот на годината да го организира фајналфор турнирот со учество на најдобрите екипи од групната фаза, од утре ќе започне гласањето за најдобриот тим на сезоната.

Интересно е што Дибиров заедно со ѕвездата на ПСЖ, Микел Хансен се единствените ракометари кои имаат шанса две години по ред да бидат во идеалниот тим на сезоната.

Голмани: Андреас Волф (Виве Киелце), Арпад Штербик (Веспрем), Гонзало Перез де Варгас (Барселона), Никлас Ландин (Кил), Роланд Миклер (ПИК Сегед)

Лево крило: Уго Декад (Монпелје), Тимур Дибиров (Вардар), Себастијан Бартолд (Алборг), Диого Бранкињо (Порто), Мануел Штрлек (Веспрем).

Лев бек: Владислав Остроушко (Работник), Сандер Сагосен (ПСЖ), Анте Кадуз (Динамо Букурешт), Лукас Нилсон (Кил), Расмус Лауге (Веспрем)

Среден бек: Барис Пухоски (Мотор Запорожје), Петар Ненадиќ (Веспрем), Лука Циндриќ (Барселона),
Микел Хансен (ПСЖ), Домагој Дувњак (Кил)

Пивот: Бенс Банхиди (ПИК Сегед), Хенрик Пекелер (Кил), Артем Каралек (Киелце), Јоханес Гола (Флензбург),
Камил Сипжак (ПСЖ)

Десен бек: Алекс Душебаев (Киелце), Валентин Порт (Монпелје), Амин Банур (Динамо Букурешт), Хорхе Македа (ПИК Сегед), Недим Ремили (ПСЖ)

Десно крило: Никлас Екберг (Кил), Валентин Јонеа (Спортинг), Богдан Радивојевиќ (ПИК Сегед), Драган Гајиќ (Веспрем), Блаж Јанц (Киелце).

Најдобар дефанзивец: Патрик Винцек (Кил), Блаж Благотиншек (Веспрем), Хенрик Мелгард (Алборг), Виран Морос (ПСЖ), Тиаго Петруш (Барселона)

Најдобар млад ракометар: Александар Блонц (Елверум), Јосип Шарац (Целје), Алекс Гомез (Барселона), Золтан Шита (Висла Плок), Андре Гомез (Порто).

Најдобар тренер: Чави Пасквал (Барселона), Раул Гонзалез (ПСЖ), Филип Јиха (Кил), Давид Дејвис (Веспрем), Магнус Андерсон (Порто)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот