Ивица Дачиќ за првпат се огласи откако е во болница: „Се вратив, животе мој!“
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска првпат се огласи откако беше примен во Клиничкиот болнички центар на 25 февруари поради билатерална пневмонија. Тој на својот Инстаграм профил објави дека сè уште се опоравува, но дека овие денови треба да биде пуштен од болница на домашно лекување.
Препорачано
„Драги пријатели, ви зборувам за прв жпат по тој ужасен ден на 25 февруари. Се вратив во живот! Сè уште сум во болница, но Конзилиумот формиран од министерот Лончар ми соопшти дека овие денови треба да излезам и да продолжам со лекувањето дома. Тој црн ден јасно ми покажа кои треба да бидат моите приоритети. Денот кога заспав на пат кон животот, пет дена без свест на работ помеѓу животот и смртта и моето повторно будење на роденденот на мојот покоен татко Десимир, 2 март“, напиша Дачиќ.
Тој им се заблагодари на сите што „веруваа, се плашеа и се молеа за него“.
„Благодарност до мојот брат Александар Вучиќ, моето семејство, пријателите и партиските другари, државните власти, црквата, сите што се молеа Бог да ме зачува и заштити. Пред повеќе од 15 години, Кемал Монтено и јас заедно ја пеевме неговата песна, за која немав поим дека ќе ја живеам. Се вратив, животе мој!“, се вели во објавата на Дачиќ на Инстаграм.
View this post on Instagram
https://www.slobodenpecat.mk/dachikj-itno-hospitaliziran-i-staven-na-aparati-vo-bolnica/


