Италијанските навивачи си тераат по старо, расизмот сè уште царува на трибините

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку кој летово дојде во Интер, не чекаше многу за да се соочи со расизмот на трибините на итлаијанските стадионите. Лукаку во 72. минута со удар од белата точка ја запечати судбината на Калјари, но веднаш потоа беше цен на раситички навреди. Веднаш по постигнатиот гол, Лукаку со сериозен поглед следеше од кој дел од трибините доаѓаат навредите.

– Вистината е дека во Италија е потребно подобро образование. Слушнав како и Анчелоти се жалеше поради постојаните навреди на одредени стадиони во Италија. Мора да се презеде нешто за да се искорени расизмот на трибините.. Кога сте во странство, имате поголемо почитување, а навивачите мислат само на поддршката на својата екипа, не ги интересираат бојата на кожата или религијата – изјави Антонио Конте, тренерот на Интер.

Интересно е што минатата сезона, токму на истиот стадион, италијанската сензација, Моисе Кин беше жестоко навредуван откако го постигна голот за Јувентус, а не беше поштеден ниту неговиот соиграч Блез Матуиди. Навивачите на Калјари упатуваа расистики пораки и кон дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот