Италијанскиот адмирал Џузепе Каво Драгоне во Скопје

Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Италија, адмирал Џузепе Каво Драгоне, денеска престојува во еднодневна посета на државава во рамки на која во Министерството за одбрана и ГШ на Армијата ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Главни теми на средбата, како што е најавено, ќе бидат унапредувањето на билатералната воена соработка, соработката во мировните операции и безбедносни иницијативи, процесот на трансформација и опремувањето на Армијата, oбука и вежби, капацитетите на „АП Криволак“ и искуства од операциите предводени од НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот